Се чини дека руските сили напредуваат кон нивната долготрајна цел да го заземат стратешкиот украински град Часив Јар на рабните области на регионот Донбас, пишува Reuters повикувајќи се на извештаите од двете завојувани страни во неделата.
Часов Јар се наоѓа на извишување на околу 20 километри западно од Бахмут (Артјемовск како го нарекуваат Русите), град во југоисточната област Донбас населена со доминатно руско и рускојазично население, кој беше заземен од руските сили пред една година. Двете страни го гледаат како потенцијална почетна точка за руски напредок кон клучните градови Краматорск и Словјанск за продор кон централните области на Украина.
Весникот Украинска правда цитира воен извор и блогер дека руските сили започнале со заземање на дел од градот покрај квартот наречен Каналот.
Руските јуришни трупи продолжуваат да ја расчистуваат областа на каналот, објави руската 98-ма падобранска дивизија на Telegam.
Видео материјали објавени на воени блогери од двете страни покажуваат како војници се пробиваат низ речиси уништените области на урбаниот центар и ги проверуваат зградите.
Претседателот Володимир Зеленски не го спомна Часив Јар во своето редовно прекуноќно видео обраќање во неделата, но рече дека најтешкиот сектор за одбрана е областа околу градот Покровско на југозападот.
Од друга страна, рускиот воен дописник Доњецк, Јуриј Котенок извести во неделата дека е забележливо оти украинските единици од ЧАсов Јар започнале со повлекување од градот. Според него, во тек е планско систематко повлекување на украинските сили од нивните одбранбени позиции во областа.
Новинарот тврди дека украинските војници се упатуваат во правец на Харковската единици каде руските единици од почетокот на мај направија продор во длабочина од стотина километри зад првите одбранбени украински линии, со што оние кои се останети во Часов Јар немаат доволно и материјални и човечки ресурси за да ги задржат позициите во Часов Јар.
„Во текот на изминатите 24 часа непријателот (украинските сили) го призна губењето на поголемиот дел од кварот Каналот во Часов Јар и повлекувањето на западните рабови на градо“, објави Котенок на Telegram.