
Европската воздухопловен концерн „Аirbus“ објави во понеделникот дека ќе изгради геостационарни сателити за сателитската инфраструктура за „Yahsat“, компанија на Обединетите Арапски Емирати.
„Yahsat“ им нуди на медиумските и интернетски компании, како и на владите, широкопојасен интернет пристап, емитување видео содржини и телекомуникациско мрежно поврзување и моментално има пет сателити во орбитата на Земјата кои покриваат повеќе од 80 отсто од светската популација, се вели во соопштението на „Airbus“.
Воената опрема и вселенскиот оддел на „Airbus“ ќе ги дизајнира и изгради за „Yahsat“ геостационерните сателити со ознаки „Al Yah 4“ и „Al Yah 5“ кои ќе „нудат безбедни комуникации низ широка географска област на Блискиот исток, Европа и Азија“, се додава во вооспштението на авијацискиот концерн.
Геостационарните сателити ја следат ротацијата на Земјата во орбитата, па се чини дека се неподвижни. „Airbus“ истовремено ќе обезбеди и компоненти за контрола на сателитите на Земјата.
Сателитите „Al Yah 4“ и „Al Yah 5“ ќе бидат лансирани во 2027 и 2028 година и ќе заменат два сателита лансирани пред 16 години. Планираниот век на употреба на новите сателити е 15 години.