Започнува изградбата на водоснабдителен систем во Зајас

Во кичевското село Зајас денеска ќе биде означен почеток на изградба на регионален водоснабдителен систем.

Почетокот на изградбата ќе го означат министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари.