
На девизните пазари во претпладневното тргување во средата се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 105,30 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 105,12 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 157,15 на 157,25 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0735 долари, додека вчера во истиот период беше 1,0765 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,44 отсто, на 82,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,55 отсто, на 78,35 долари.