Лидл започна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од 16 000 метри квадратни и ќе инвестира вкупно 14 милиони евра во изградба на маркет. Градежните работи се очекува да започнат летово.
Ова е продолжение на плановите за проширување на Лидл во С Македонија.
Лидл е дел од Schwarz Group која е една од водечките компании во малопродажната индустрија на храна во Германија и Европа. Лидл моментално работи со над 12 350 маркети и повеќе од 220 логистички центри и магацини во 31 земја. Во Лидл има околу 375 000 вработени на меѓународно ниво.
Во Северна Македонија, Лидл започна со инвестиција – изградба на логистички центар во Куманово. Логистичкиот центар ќе се простира на 63 000 квадратни метри и ќе биде опремен со специјализирани машини, системи за автоматизација и логистичка опрема, целосно посветени на оптимизација на работењето. Логистичкиот центар дополнително ќе биде пример за одржливо и еколошко работење, ќе користи електрична енергија од обновливи извори на енергија и ќе биде опремен со фотоволтаични елементи кои генерираат вкупна моќност од приближно 1,7 MW.
Минатиот месец Лидл организираше средби со 130 македонски компании и со тоа отвори можности за соработка.