„Треба да си ја довршам работата во Општина Бутел, тоа е мојот личен императив, нешто за кое што навистина се трудам да го Оисполнам во целост, па дури и да го надминам она што го имам ветено пред граѓаните за време на локалните избори“, истакна Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.
Костовски додаде дека сака да ги заврши сите капитални проекти кои ги има ветено пред граѓаните на Општина Бутел.
„Програмата со која што се претставив пред граѓаните на општина Бутел на локалните избори до крајот на мојот мандат ќе биде завршена“, појасни тој.
Тој посочи дека сите градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ работат вредно и ги исполнуваат дадените ветувања. Додаде дека така ќе работи и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, таа ќе ги исполнува дадените ветувања и ќе биде заштитник на националните интереси.
Во текот на свое гостување Костовски се осврна на тоа дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како иден премиер нема да прости ниту еден криминал, и секој кој што ќе се огреши ќе одговара пред законот.
Посочи дека доаѓа време на правда.
„Само доколку добро не го познавате претседателот Мицкоски ќе може некој да помисли дека тој може да прости на криминалот. Тоа нема да се случи. И за многу кратко ќе забележат граѓаните. И без разлика дали станува збор за некој од ВМРО-ДПМНЕ или за некој друг, законот ќе важи подеднакво за сите. А, особено криминалот на ДУИ нема да помине неказнето“, рече Костовски.