Во петокот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на краткотрајно невреме.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува ведро време. Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе изнесува 7.
Утринските температури се во интервалот меѓу 11 и 20, додека највисоките дневни соодветно ќе се движат од 19 до 31 Целзиусови степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува ведро време. Температурата ќе достигне до 28 степени.