Никој не знае колку израелски заложници заробени од Хамас сѐ уште се живи, изјави висок палестински функционер, цитиран од Си-Ен-Ен.
Каналот потсетува дека судбината на 120-те заложници е клучна за договорот за ставање крај на конфликтот меѓу Израел и Хамас.
Портпаролот на палестинското движење Осама Хамдан истакна дека никој не знае кој од заложниците останал жив, но нагласи дека секој договор за ослободување на затворениците мора да вклучува гаранции за постојан прекин на огнот и целосно повлекување на израелските војници од Појасот Газа.
Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации претходно соопшти дека израелските војници и палестинските милитанти би можеле да бидат одговорни за воени злосторства по нападот на ИДФ во Појасот Газа што резултираше со спасување на четворица заложници.
Според Хамас, тројца израелски заложници загинале за време на израелската операција.