Вкупниот национален долг на Црна Гора на крајот на март (без депозити) изнесува 4,67 милијарди евра или 66,36 отсто од бруто домашниот производ (БДП), објави црногорското Министерство за финансии.
Според споменатите податоци, вкупниот државен долг (земајќи ги предвид депозитите) на крајот на првиот квартал изнесувал 3,89 милијарди евра (55,36 отсто од БДП), објави РТЦГ. Како што се наведува, депозитите на крајот на март изнесувале 774,24 милиони евра, во кои се вклучени 38.450 унци злато, чија вредност изнесува 78,81 милиони евра (или 11,01 отсто од БДП), пренесува Танјуг.
Вкупниот надворешен долг на Црна Гора на крајот на првиот квартал изнесуваше 4,16 милијарди евра или 59,09 отсто од БДП, што е за 639,36 милиони евра повеќе од крајот на минатата година. Тоа влијаеше и на растот на депозитите кои на крајот на третиот месец од годинава беа за 621,83 милиони евра повисоки од крајот на 2023 година. Во текот на првиот квартал има пораст на нето државниот долг во однос на крајот на минатата година за 608,04 милиони евра, а неговиот пораст во однос на БДП е само 7,07 отсто.