Три краткометражни филмови ќе добијат финансии во висина од еден милион денари во рамки на фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“.
Конкурсот ќе биде објавен во понеделник, а е наменет за студентите од Факултетот за драмски уметности при УКИМ и од универзитетот „Еуропа прима“ – Скопје.