Рекорди кои чекаат надминување на ЕВРО 2024

Преглед на различните рекорди во историјата на Европските фудбалски првенства.

Најстар стрелец: Ивица Вастиќ (Австрија) – 38 години и 257 дена против Полска (1:1) на 12 јуни 2008 година.

Најмлад стрелец: Јохан Вонлантен (Швајцарија) – 18 години и 141 ден против Франција (1:3) на 21 јуни 2004 година.

Најстар играч: Габор Кирали (Унгарија) – 40 години и 86 дена против Белгија (0:4) на 26 јуни 2016 година.

Најмлад играч: Кацпер Козловски (Полска) – 17 години и 246 дена против Шпанија (1:1) на 19 јуни 2021 година.

Најбрз гол: Дмитри Кириченко (Русија) -1:07 минути против Грција (2:1) на 20.06.2004 година.

Најмногу настапи: Кристијано Роналдо (Португалија) – 25 натпревари

Најмногу голови вкупно: Кристијано Роналдо (Португалија) – 14 голови

Најмногу голови на еден европски турнир: Мишел Платини (Франција) – 9 голови (1984)

Најбрз хет-трик: Мишел Платини (Франција) – во рок од 18 минути во Франција против Југославија (3:2) на 19 јуни 1984 година.

Тимови со најмногу голови на турнирот: Франција – 14 голови (1984)

Селектор со најмногу натпревари на ЕП: Јоаким Лев (Германија) – 21 (2008-2021)

Селекција со најмногу учества на ЕП: Германија – 14 (вклучувајќи ЕП 2024)

Репрезентација со најмногу натпревари на ЕП: Германија – 53

Натпреварот со најмногу голови – 9, Франција – Југославија 4-5, полуфинале на ЕП 1960 година.