Врховниот суд на САД ја укина забраната за преправање на огненото оружје

Американскиот Врховен суд во петокот ја укина федералната забрана за преправање на огненото оружје со додаток кој им овозможува на полуавтоматските пушки да пукаат побрзо, што ги прави де факто „лесни митралези“.

Со шест гласа „за“ и три „против“, Судот одлучи дека Федералното биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви (ATF) ги надминало своите овластувања во 2018 година со класифицирање на контроверзниот додаток за оружје, т.н. „bump stocks“, во категоријата лесни митралези, кои беа забранети со закон од 1934 година, за периодот на прохибицијата.

„Сметаме дека полуавтоматска пушка со ‘bump stock’ не е ‘лесна машинка’, бидејќи не може да испука повеќе од еден истрел со едно повлекување на чкрапалото“, објасни судијата Кларенс Томас, повикувајќи се на законот од 1934 година, кој беше донесен многу порано од пронаоѓањето на тој додаток.

Во заднина на случајот е масакрот во Лас Вегас на 1 октомври 2017 година, најлошиот во модерната историја на САД, во кој беа убиени 58 луѓе, а повеќе од 500 беа повредени. Повеќето од 22-те пушки на напаѓачот биле опремени со овие одвоиви додатоци, така што тој можел да пука со брзина до девет куршуми во секунда.

Во февруари 2018 година, неколку дена по масакрот во средното училиште на Флорида, во кој беа убиени 17 лица, администрацијата на републиканскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги „bump stocks“. Во декември истата година ATF објави дека ги смета „bump stocks“ за лесни митралези, повикувајќи ги луѓето што ги поседуваат да ги уништат или да ги предадат на властите во рок од 90 дена.