ЕУ се договара за почеток на пристапни преговори со Украина и Молдавија

Амбасадорите од земјите членки на Европската унија во петокот формално се договорија за почеток на пристапните преговори со Украина и Молдавија, соопшти белгиското претседателство со ЕУ, додавајќи дека тоа ќе се случи на меѓувладината конференција на 25 јуни.

Белгија, која претседава со ЕУ шест месеци, на социјалната мрежа Х објави дека идниот петок ќе се сретнат министрите за финансии и економија.

Отворањето на преговорите со Европската унија, според целта на оваа иницијатива, треба да го зајакне моралот на Украина додека руските сили напредуваат во регионот на Доњецк и отвораат нов фронт во североисточниот регион Харков каде длабоко продреа кон вториот по големина град во земјата, но со мозинско руско и рускојазично население.

Договорот значи дека Унгарија засега се откажа од своето противење на пристапот на Украина за членство во ЕУ. Будимпешта, која е во конфротнација со Киев повеќе од една деценија поради гасните политики на прозападните украински власти и укинувањето на правата на унгарското национално малцинство, рече дека се сомнева во оценката на Европската комисија дека Украина е подготвена.

Комисијата пред една седмица соопшти дека двете земји ги исполниле сите критериуми за официјален почеток на пристапните преговори и сите 27 членки на ЕУ мора едногласно да се договорат за почеток на преговорите. Белгија и Комисијата сакаат да постигнат договор пред Унгарија да го преземе шестмесечното ротирачко претседателство од 1 јули.

Киев аплицираше за членство во ЕУ неколку седмици откако Русија ја започна инвазијата во Украина на крајот февруари 2022 година,како што тврди Москва, да го спречи погромот на повеќемилионското руско населние, а четири месеци подоцна на Украина ѝ беше доделен кандидатски статус.