Фон дер Лајен: Замрзнувањето на конфликтот во Украина е рецепт за нови војни

Замрзнувањето на конфликтот во Украина не е решение, туку рецепт за идни војни на агресија, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Меѓународната мировна конференција за Украина во швајцарското одморалиште Буергеншток, каде американската потпретседателка Камала Харис оцени дека Русија со мировниот предлог на претседателот Владимир Путин всушшност сака Украина да капитулира.

„Замрзнувањето на конфликтот денес, со странски трупи кои ја окупираат украинската земја, не е решение. Тоа е рецепт за идни агресивни војни“, рече таа во својот говор. Наместо тоа, треба да поддржиме сеопфатен, праведен и одржлив мир за Украина“, рече .

Истовремени на истот настан американската потпретседателка Камала Харис ги отфрли и ги нарече „апсурдни“ условите на рускиот претседател Владимир Путин за мировни преговори со Украина, во кои бара Киев да се откаже од четирите региони кои се под контрола на руската војска и да потпише меѓународно обврзувачки договор за откажување од амбициите за членство во НАТО и прогалсување воеан неутралност.

„Мораме да ја зборуваме вистината. Тој (Путин) не повикува на преговори, тој повикува на капитулирање, изјави Харис на мировната конференција за Украина во Швајцарија.

САД, како што нагласи, „стои со Украина не од милосрдие, туку затоа што тоа е во наш стратешки интерес“.

Непосредно пред самитот, вчера, Путин побара Украина целосно да се откаже од териториите на Доњецк, Луганск, Керсон, Запорожје и црноморскиот полуостров Крим, сите со руско и рускојазично мнозинство, кои оддржаа референдуми за присоединување кој Руската Федерација кои Западот не ги признава, како еден од условите за прекин на непријателствата.