![recnik-Dobri-jovevski-960x1280](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/recnik-Dobri-jovevski-960x1280-1.jpg?resize=696%2C928&ssl=1)
КУЛТУРАООУ „МИРЧЕ АЦЕВ“ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
Промовиран речник со поими од медиумската писменост за наставниците со игровни активности
Во речникот e презентиран соодветен превод на дел од поимите од медиумска писменост што досега се користеа како англицизми.
16. Јуни 2024. @ 10:502 мин. читање
![Промовиран речник со поими од медиумската писменост за наставниците со игровни активности](https://i0.wp.com/kurir.mk/wp-content/uploads/2024/06/recnik-Dobri-jovevski-960x1280.jpg?resize=696%2C928&ssl=1)
Во ООУ „Мирче Ацев“ – Ѓорче Петров, Скопје е промовиран речникот на поими од медиумска писменост со игровни активности за усвојување, утврдување и примена на поимите од речникот.
Авторите на овој речник и игровни активности Елена Апостолова, Гордана Анастасова и Добри Јовевски, денеска апелираа до медиумите и вработените во медиумите да ги користат македонските термини, наместо да користат англицизми.
Во речникот e презентиран соодветен превод на дел од поимите од медиумска писменост што досега се користеа како англицизми.
Автори на речник со поими од медиумската писменост
![](https://i0.wp.com/kurir.mk/wp-content/uploads/2024/06/Avtori-na-recnikot-poimna-pismenost-690x455.jpg?resize=690%2C455&ssl=1)
– Со преводите и толкувањето на поимите, наставниците добиваат значајна помош во реализацијата на содржини од медиумска писменост за полесно да им објаснат на учениците што е тоа интернет, дигитален простор ,апликација,икона, емотикони,гиф…. Уште поголема поддршка за наставниците претставуваат игровните активности со помош на кои учениците ќе ги усвојуваат и применуваат новонаучените поими како на пример кликбејт – обично е потресен или сензационалистички наслов каде насловот и содржината на текстот не се совпаѓаат односно лажна информација за да измами или лажно да наведува, се наведува во соопштението од авторите на овој речник.
Речникот и игровните активности, нагласува таа, се финален продукт што произлезе од активностите во проектот „Намали ризик- медиумска писменост на македонски јазик“, како субгрантиран проект на Do not MIS/DIS TechCamp Ohrid во организација на Стејт Департментот преку Амбасадата на САД и партнерската организација Центар за иновации и дигитална едукација ДИГ-ЕД.