Англија и Велс губат 80 пабови месечно

Англија и Велс губат во просек по 80 пабови месечно, бидејќи сопствениците се борат да се справат со намалената јавна потрошувачка и високите трошоци за енергија и храна, покажаа најновите податоци.

Во првите три месецa од годинава дури 239 пабови се урнати или пренаменети, објави заводот за статистика ONS. Toa значи дека Англија и Велс губат околу 80 пабови месечно во просек, 56 отсто повеќе отколку на почетокот од минатата година.

Најмногу пабови се затворени во северозападниот дел на Англија, вкупно 35, според извештајот на ONS. Во 2023 година, 472 пабови низ Англија и Велс се трајно затворени.

Бројките го одразуваат влијанието на високите трошоци за енергија и храна, намалената лична потрошувачка и значителното даночно оптоварување на угостителскиот сектор, според шефовите на пабовите.

Кога се вклучени празни и изнајмени пабови, Англија и Велс имаа 39.162 пабови на крајот на март, речиси исто како и на крајот на минатата година, според податоците собрани од специјалистите за комерцијална сопственост „Altus Group“.