Данска сака да запре „тајна флота“ танкери што превезуваат руска нафта

Данска размислува како да запре „тајна флота“ танкери коишто пренесуваат руска нафта преку Балтичкото Море, објави во понеделникот нордиската земја, на што руската дипломати порача дека таквиот потег би бил неприфатливо.

Преку данскиот теснец Русија извезува околу една третина од нафтата што ја извезува по морски пат или 1,5 отсто од глобалното снабдување, така што прекинот на сообраќајот на танкери би значел зголемување на цената на нафтата и финансиска штета за Кремљ, сметаат во Копенхаген. Меѓутоа, дополнително намалување на руските барели на меѓународните пазари покрај постојната стеснета испорака бездурго ќе предизвика и раст на цените на нафтата на глобално ниво.

Откако западните земји воведоа ограничувања на цената на руската нафта за да ѝ се нанесе загуби приходите на Русија наводно во контекстот на војната во Украина, Москва се потпира на флота од често стари танкери кои се базирани и осигурени надвор од западните земји.

Данска собра група сојузнички земји за да размисли какви мерки би можеле да се преземат против таа флотила, изјави данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен за Reuters во изјава испратена по е-пошта. Притоа не наведува за какви мерки се размислува.

„Постои широк консензус дека тајната флота е меѓународен проблем и дека се потребни меѓународни решенија. Важно е сите нови мерки да можат да се спроведат во пракса и тие да бидат во согласност со меѓународното право“, додава Расмунсен.

Земјите кои учествуваат во преговорите се балтичките земји и членките на ЕУ, вели данскиот политичар.

Воведувањето ограничувања за бродовите што минуваат низ овие теснец би било неприфатливо, изјави рускиот амбасадор во Данска, Владимир Барбин.

„Заканата за безбедноста на пловењето и поморското опкружување во Балтичкото Море не се танкери со руска нафта, туку санкциите наметнати на Русија од страна на Западот. За тоа треба да размислува коалицијата држави основана на иницијатива на Данска“, порача рускиот дипломат.

Непреченото минување на бродовите низ данските води е загарантирано со Копенхагенскиот договор од 1857 година, кој сè уште е валиден и правно обврзувачки, посочи амбасадорот Барбин.

Данска е загрижена дека старите танкери кои превезуваат нафта низ нејзините теснец би можеле да бидат закана за животната средина.