Унгарскиот суверенистички премиер Виктор Орбан во понеделникот во Брисел разговараше со неговата италијанска колешка Џорџа Мелони и поранешниот полски премиер Матеуш Моравјецки за перспективите на десничарските партии во Европската унија.
Консултациите за време на специјалниот самит на челниците на Европската унија во понеделникот ги потврди и портпаролот на Орбан, Берталан Хаваси, објави унгарската државна агенција MTI.
Сѐ погласни се шпекулациите за тоа дали партијата Фидес, на Орбан, ќе им се придружи на Браќата на Италија (FdI) предводени од Мелони и полската националистичка конзервативна партија Право и правда (PiS) која Моравјецки ја претставува Европскиот парламент.
Првичниот исход од тие разговори сѐ уште не е познат.
Орбан разговараше со Мелони за „политичките прашања поврзани со европската десница“, исходот од парламентарните избори во ЕУ на 9-ти јуни и унгарското претседателство со Советот на Европската унија, кое започнува на 1-ви јули, рече Хаваси.
Разговорот со Моравјецки, кој ја предводеше полската влада од 2017 до 2023 година, го допре потенцијалното спојување на европската десница, додаде портпрлот на Орбан.
На изборите за Европскиот парламент на 9-ти јуни, Европската народна партија (EPP), централно-десничарска групација, ја прослави својата победа, а најголема загриженост кај бирократијата во Брисел предизвикаа подемот и добрите резултати на партиите од крајната десница.
Лидерите на ЕУ се состануваат во понеделник за да разговараат за новите лидери на 27-члената Европска унија.