На 89-годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов.
Роден 1935 година во Кавадарци, Андов дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Белградскиот универзитет.
Во неколку наврати ја извршуваше функцијата претседател на законодавниот дом, беше пратеник, а во 1999 година се кандидираше и за претседател на државата.