Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево во 13:30 часот во Собранието на Република Македонија ќе го достави предлог составот за новата влада, а веднаш потоа во прес центарот на Собранието ќе одржи прес конференција.
Претходно мандатарот за состав на влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неделата по седниците на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на јавноста и ги соопшти предлозите за министри во новата влада.
Предлог за заменик претседател на владата и министер за транспорт ќе биде Александар Николоски. Прелог за министер за одбрана ќе биде предложен Владо Мисајловски. Предлог за функцијата министер за финансии ќе биде Гордана Димитриеска Кочоска. Предлог за министер за надворешни работи и надворешна трговија ќе биде Тимчо Муцунски. Предлог министер за локална самоуправа ќе биде Златко Перински. Предлог за министер за информатичко општество и дигитална трансформација ќе биде Стефан Андоновски. Предлог за министер за спорт ќе биде Борко Ристовски. Предлог министер за енергетика, рударство и минерални суровини ќе биде Сања Божиновска. Предлог за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Цветан Трипуновски. Предлог за министер за култура и туризам ќе биде познатиот актер Зоран Љутков. Предлог за министер за внатрешни работи останува Панче Тошковски кој во изминатите речиси четири месеци ја извршуваше функцијата технички министер во ова министерство. Предлог за министер за образование и наука ќе биде професорката Весна Јаневска. Од коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ се предложени, Љупчо Димовски од Социјалистичката партија за заменик претседател на владата и министер одговорен за политички систем. Иван Стоилковиќ претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија ќе биде предлог за заменик претседател на владата и министер кој ќе биде раководи со ресорот задолжен за односите меѓу заедниците. Шабан Салиу кој ќе биде предлог за министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декада на Роми, истакна тогаш Мицкоски.