Турција спречила терористички напад во Москва?

Турските специјални служби спречија голем напад во Москва. Според весникот „Хуриет“, турските безбедносни сили уапсиле неколку членови на групата „Исламска држава Хорасан“ (огранок на радикалната муслиманска организација во Авганистан).

„За време на сослушувањата, уапсените признале дека имале намера да се префрлат на територијата на Руската Федерација и да извршат терористички акт во популарен трговски центар во срцето на Москва. Целта на планираниот напад била да се повтори крвавиот напад во концертната сала „Крокус“ на 22 март годинава, во кој загинаа повеќе од 140 лица“.

„Апсењата се случиле во текот на истрагата за нападот на католичката црква во Истанбул „Света Марија“ на 28 јануари 2024 година, при што беше убиен турски државјанин“, наведува весникот.

„Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за нападите во главниот град на Русија и најголемиот турски град“, додава Хуриет.