Турција ја совлада Грузија на ЕУРО 2024

Фудбалската репрезентација на Турција славеше со 3-1 против дебитантот Грузија во рамки на 1.коло од групата Ф на Европското првенство 2024 што се одржува во Германија.

Во неверојатно возбудлив натпревар со многу шанси и убави голови, можеби пресуди искуството на Турците, но и среќата беше на страна на победничкиот тим.

Турција поведе со прекрасен гол со волеј на Мерт Мулдур во 25.минута. Георгес Микаутадзе само седум минути подоцна го израмни резултатот и го постигна првиот историски гол за Грузија на континенталниот турнир.

Возбудувањата продолжија во вториот дел кога младата ѕвезда на Реал Мадрид, Арда Ѓулер со фантастичен гол од далечина ја врати Турција во водство во 65.минута.

Грузијците нападнаа со сите сили имаа пречка, а во судиското продолжение и статива. Кога сите фудбалери на Грузија беа во шеснаесетникот на Турција како и голманот Мамардашвили, очекувано се отвори контра, па Мухамед Актуркоглу погоди за 3-1 на празна мрежа во 97.минута.

Грузија иако загуби се покажа како феноменален тим, бидејќи сантиметри ја делеа од позитивен резултат против Турција.

Во вториот натпревар од групата Ф, вечерва од 21 часот Португалија игра против Чешка.

https://twitter.com/ProjectFootball/status/1803116746024391060