ВИДЕО I Португалија во 92 минута ја скрши Чешка

Се намачи Португалија, но на крајот успеа да дојде до победа во првото коло на Европското првенство против Чешка со 2:1.

Имаше иницијатива Португалија од самиот старт на натпреварот, додека Чешка беше повлечена на својата половина и чекаше шанса од контра да се закани. Двете најсериозни закани во првиот дел за Португалците ги имаше Кристијано Роналдо кој вечерва стана првиот играч кој настапил на шест европски првенства.

Слична слика на теренот гледавме и во второто полувреме, а тогаш следуваше вистински студен туш за избраниците на Роберто Мартинез.

Чешка од својот прв удар кон противничкиот гол дојде до водство, стрелец беше Лукас Провод кој одлично шутираше во 62. минута. Португалија како да требаше да прими гол, па да постигне. Седум минути по тој гол на Прово Хранач си ја погоди сопствената мрежа за 1:1.

https://twitter.com/TransferSector/status/1803162791601381509

Не сакаа да се задоволат со бод Португалците, па продолжија со нападите. Прво во 88. минута видовме поништен гол на Диого Жота во кој се најде Роналдо претходно во акцијата. Таа ситуација не ја откажа Португалија, па синот на славниот тренер на Порто Сержо Консесиао, Франсиско во 92. минута, само две минути по влегувањето во игра погоди за важни три бода за Португалија.

На табелата сега во групата „Ф“ фаворитите Португалија и Турција имаат по три бода, Чешка и Грузија се без бодови.