Руските нуклеарни подморници лансираа проектили како дел од вежбите во Баренцовото Море

Подморници на руската Северна флота со нуклеарен погон лансираа крстосувачки ракети кон морските цели како дел од вежбите во Баренцовото Море, објавија во средата руските новински агенции, цитирајќи соопштение на флотата.

„Крстосувачки ракети на нуклеарни подморници… Северните флоти гаѓаа морски цели во Баренцовото Море“, објави новинската агенција ТАСС.

Областа во која е извршено лансирањто однапред била затворена за цивилни бродови и авијациски летови, се забележува во извештајот. Борбената вежба ја изведоа бродови на Колската флотилата на разнородните сили на Северната флота.

Подморниците на нуклеарен погон „Северодвинск“ и „Орел“, од две различни класи, истрелаа крстосувачки ракети „Калибр“ и „Гранит“ на оддалеченост од околу 170 километри кон целта, симулирајќи раздвојување на непријателските десантни бродови“, според сооппштението.

„… Борбената вежба беше успешно завршена. Користеното ракетно оружје уште еднаш ги потврди своите вградените карактеристики и висока доверливост“, се наведува во соопштенеито на руските поморски сили.

Областа за истрелување проектили беше однапред затворена за цивилна навигација и летови.

Баренцовото Море, дел од Арктичкиот Океан, се наоѓа во близина на северните брегови на Норвешка и Русија и е поделено меѓу норвешките и руските територијални води.