Тринаесет пожари на отворено евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) изминатите 24 часа. Само еден пожар сѐ уште се води како активен. Во општина Кичево е пријавено дека горат ниска вегетација и габер.
Вкупно 2.065 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се регистрирани во последното деноноќие. Како реални биле категоризирани 65,23 проценти од нив.
– Кон полицијата биле упатени 63,22 отсто, кон Итната медицинска помош – 23,40 проценти, а кон пожарникарите – 6,99 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, се додава во соопштението.