Адвокатот Митровски за двојното убиство во Кратово дека пред убиството Вале јадела редовна порција ќотек, институциите го игнорирале тоа

Се огласи адвокатот Јанаки Митровски за убиството во Кратово, каде жена го уби сопругит и свекрвата.

,,Последниот маритицид во Кратово е доказ за системската слабост во заштита на жените жртви на семејно насилство. Сопругот неколку пати пријавуван, еднаш или два пати осуден и никому ништо. ОЈО Куманово со цел памет покренува постапка за двојно убиство со умисла кое носи потенцијална казна доживотен затвор, игнорирајки го сопственото соопштение каде јасно стои дека непосредно пред убиството Вале јадела редовна порција ќотек. Подеднакво се виновни и ЦСР, суд и полиција кои не пружиле соодветна заштита.

Прво нешто што треба новиот министер да стори од наредна недела е да направи длабок рез во Центрите за социјана работа, а МВР богами и да поапси некој. Во меѓувреме во паланкава во која живееме има и такви кои пропагираат дека убиството не било решение и дека жртвата едноставно требала да си замине.
Во мојата веќе петнаесетгодишна кариера научив да презирам две категории “мажи”: такви што си ги тепаат жените и тие што избегнуваат алиментација или се ценкаат за истата. Се сте освен мажи!”, напиша Митровски.