Во натпреварот од 2.коло од Ц групата на ЕУРО во Франкфурт, фудбалерите на Данска и Англија одиграа 1:1 (1:1). За Англија стрелц беше Хари Кејн во 18, а за Данска – Мортен Хјулманд во 34 минута.
Англија е во водство на мини-табелата од оваа група со четири бодови, Данска и Словенија имаат по два, а Србија има еден бод. Во последното коло ќе играат Данска и Србија, како и Словенија и Англија.
Англичаните и Данците со својата борбеност буквално го изораа тревникот во Франкфурт натопен од дожд, а нивниот дуел заврши со поделба на бодовите, што значи дека по третото реми во четири натпревари од оваа група ништо не е решено и сите селекции имаат шанса да помине. Англичаните можат да бидат позадоволни бидејќи ја водат групата со четири бода, а Данците сепак обезбедија доволно за да го напуштат теренот непоразени, додека на моменти имспесионираше нивната растрчаност.
Натпреварот ќе остане запаметен и по големиот број удари надвор од шеснаесетникот, од кои ударот на Хјулманд влезе во голот.
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, не го промени својот стартен состав против Данска од воведната победа над Србија. Тоа беше првпат во 16 натпревари Саутгејт да има непроменет состав во два последователни натпревара.
Немаше посебни прилики во првото полувреме, имаше многу удари од далечина,а двата гола беа постигнати по големи грешки. Најпрвин во 18. минута истрчаниот Кајл Вокер му ја одзеде топката на невнимателниот лев бек Виктор Кристијансен, а потоа нафрли во шеснаесетникот, каде што топката по серија одбивања идеално се најде пред Кејн, кој ја заби во мрежата. Данците израмнија во 34. минута кога Кејн необјасниво напамет испрати топка која стигна до Данците, а играчот од средниот ред Мортен Хјулманд погоди со неодбранлив удар од 28 метри во самиот десен агол од англискиот гол.
Покрај головите, Данецот Марк Хојберг двапати се обиде со удари од далечина во првото полувреме, а англискиот напаѓач Фил Фоден дури трипати. Во 56. минута најактивниот англиски фудбалер Фоден од 25 метри ја затресе десната статива, а потоа Хојберг повторно се обиде од далечина, но Пикфорд беше подготвен. Во 71. минута Џуд Белингем упати прецизен пас до новодојдениот Оли Воткинс, а неговиот удар го одбрани голманот Каспер Шмајхел. Во 85. минута, по петти пат на натпреварот, Хојберг шутирапе надвор од шеснаесетникот, а топката мина крај стативата.