Судовите во Словачка денеска добија дојава за бомба, изјави портпаролката на регионалната полиција на Братислава, Јана Шимункова.
Полицијата врши увид во сите судски згради, додаде портпаролката.
Дојава за бомба има и за Врховниот суд на Словачка, јавија словачките медиуми. Пред еден месец дојави за бомби имаше во над 1.300 училишта низ таа држава.