Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР, дејствувал на пожарот на отворено во атар на с.Цер (општина Кичево).
Активирањето на воздухопловот на МВР било по барање од Центарот за управување со кризи.
Хеликоптерот исфрли над 20 тони вода и го стопирал кракот од пожарот што се наближуваше да зафати букова шума.