Тројца убиени и десет ранети во вооружен напад во супермаркет во Арканзас

Вооружен маж отворил оган во супермаркет во Арканзас, во петокот по локално време, убивајќи три лица и ранувајќи уште десет други, меѓу кои и двајца полицајци, соопшти полицијата на оваа американска сојузна држава.

Осомничениот, исто така, бил ранет во размената на оган со полицијата, изјави за новинарите директорот на полицијата на државата Арканзас, Мајк Хагар.

Пукањето се случило во самопослугата „Mad Butcher“ во Фордајс, град со 3.200 жители на околу 112 километри од Литл Рок.

„За жал, можеме да потврдиме дека 11 невини цивили се ранети, а тројца од нив загинале. Двајца полицајци се ранети во размената на оган. Осомничениот, исто така, бил застрелан и приведен“, рече Хагар.

Не ги објасни околностите на пукањето, ниту одговори на прашања од медиумите.

„Се очекува ранетите полицајци и осомничениот се очекува да преживеат. Повредите на цивилите се движат од неопасни по животот до крајно критични“, додаде Хагар.

Гувернерката Сара Хакаби Сандерс на платформата на социјалните мрежи Х изјави дека е информирана за инцидентот.

„Благодарна сум на полициските сили и на оние кои први реагираа за нивната брза и херојска акција за спасување животи“, рече таа.