Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад-Нено Димитријевиќ од денеска и официјално е нов член на италијанскиот кошаркарски гигант Олимпија Милано.
Нашиот најдобар кошаркар по две години во Русија реши да се пресели во Италија, а сега ќе има можност да го покаже својот квалитет и во Евролигата, чиј учесник е екипата од Милано.
Димитријевиќ потпиша двегодишен договор со Олимпија и ќе биде сериозно засилување за екипата.
– Многу сум среќен и благодарен што ќе бидам дел од клуб со богата историја. Возбуден сум поради шансата да бидам дел од Олимпија и ќе направам се што можам за да помогнам во обидот да освоиме што повеќе трофеи, – вели Димитријевиќ во својата прва изјава во црвениот дрес.
Димитријевиќ последните две сезони го носеше дресот на Уникс и остави фантастичен впечаток, при што дојде и до МВП признанието во ВТБ лигата.