Заглавени милионски тендери, катастрофална патна инфраструктура , заглавена изградба на железничка пруга кон Бугарија се само дел од тешките задачи кои стојат пред новиот министер за транспорт како последица на недомаќинското работење на предходната влада.
Александар Николоски веднаш откако ќе биде избран на позицијата започнува со силна посветеност и работа. Вели дека е свесен дека треба да раководи со еден од најтешките ресори, но е подготвен за предизвикот. Според Николоски ситуацијата со транспортот во Македонија е таква затоа што во минатото на државата и недостигало добар проектен менаџмент, квалитетни луѓе на вистинско место, а наместо нови километри имало премногу криминал и корупција .
Јас сакам предизвици тоа е мојот стил на работа, не ми недостигале предизвици во политичката кариера и ќе ги има секако во годините и децениите кои доаѓаат . Три приоритети имам стартно тоа е привршување на експресниот пат Прилеп – Градско, каде што се отвора централна Македонија и Пелагонија кон остатокот од државата , второ довршување на Охрид – Кичево како симбол на катастрофалните политики на минатата власт и третиот проект е изведба на браната Отиње која многу значи за источниот регион, вели за Алфа Николоски.
Сериозен предизвик за новиот минситер ќе биде договорот со турско – американскиот конзорциум „ Бехтел и Енка“ на кој параф стави минатата власт во последната година од мандатот, а освен што се одлеаа милиони од државната каса на терен нема речиси ништо од планираното. Николоски вели има простор да се репреговара за Македонија да го добие најдоброто што може од веќе потпишаниот договор, односно за парите кои се веќе потрошени државата да добие најмногу километри патишта.
Болка на македонската инфраструктура е железничкиот сообраќај . Николоски вели дека има амбициозна агенда во овој дел. На врвот на приоритетите е завршување на втората фаза на пругата кон Бугарија.
Александар Николоски ќе биде и заменик претседател на Владата каде ќе има влијание и врз процесите кои политички ќе се одвиваат во земјава. Инаку тој е долгогодишен член на ВМРО – ДПМНЕ , покрај пратеник во собранието, важи и за меѓународно активен политичар и е дел од Советот на Европа каде беше известувач за повеќе изборни процеси, во делот на исполнување на обврските што државите ги имаат преземано кон Советот на Европа, пред сè во делот на почитувањето на основните човекови права, владеењето на правото, борбата со криминалот и корупцијата, изборните реформи, како и воспоставувањето функционална правна држава.