Португалија одигра одличен натпревар и ја совлада Турција со 3:0, но овој натпревар го обележаа и навивачите кои дури четири пати поминуваа покрај обезбедувањето и втрчуваа на терен.
Проблем со фановите обезбедувањето имаше и по завршувањето на средбата, а тогаш можеше да настрада напаѓачот Гонзало Рамош.
Еден од членовите на обезбедувањето кој веројатно бркаше навивач се лизна пред Рамош и се удри во него. По гестикулацијата на Рамош ударот не беше наивен, па дури можеше да се случеше португалскиот репрезентативец да се повредеше.