Сончево и многу топло – во попладневните часови се очекува локално невреме

Топлото и спарно време продолжува и понатаму. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, и денеска се очекува да биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. 

Сепак, како што беше најавено деновиве, денеска, во попладневните часови се очекува да има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Од УХМР велат дека има услови и за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. 

Сепак, УВ зрачењето останува високи, и ќе достигне 8, поради што се препорачува зашитата од сончевите зраци во текот на целиот ден, но, осбоено ако граѓаните мора да излезат во најтоплиот период од денот. 

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината можна е појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Слично време не очекува и следните денови. И покрај дождот, и невремето кое може ќе зафати одредени делови, температурите и понатаму остануваат високи. 

Еве какви се најавите од УХМР: