Teрористички напад во Русија во црква и во синагога

Вооружена група со автоматски пушки отвори  оган во црква и синагога во јужниот руски регион Дагестан а најмалку пет полициски службеници се убиени во нападот анапаѓачите побегнале со бел автомобил.

https://twitter.com/5channel/status/1804916508285403223

-Денеска имаше напад на црква и синагога во градот Дербент, во Република Дагестан, соопшти шефицата на прес-службата на Министерството за внатрешни работи на Дагестан, Гајана Гариева, додека напад имало и во Махачкала, како што пренесува „Риа Новости“, каде непознати лица пукале кон сообраќајната полиција, во нападот неколкумина се ранети.

Напаѓачите по нападот ја запалиле синагогата.