„На Македонија не и е потребен рестарт, на Македонија и е потребно фабричко ресетирање. 7 години граѓаните на Македонија го чекаа денешниот ден, овој свечен чин по кој официјално стартува Влада која има историска поддршка од граѓаните, Влада со легитимитет, Влада која точно знае што треба да направи, Влада составена со професионални и чесни кадри. Влада со прецизна програма и со волја за реализација”, истакна пратеничката Ели Панова на денешната собраниска седница.
Таа продолжи и додаде:
„Во изминатите 7 години ова Собрание беше сведок на многу програми кои на крај немаме никакво значење, многу нереализирани стратегии визии на развој но без професионалност без посветеност останаа нереализирани”, вели Панова.
Таа посочи дека борбата со корупцијата и правосудството се едни од столбовите на идната Влада.
„Токму за борбата против корупцијата и за правосудството во нашата програма содржи значајни реформи во оваа сфера и оваа сфера е еден од столбовите на кои се темели идната Влада”, потенцираше Панова.