Принцезата Ана во болница со полесни повреди

Британската принцеза Ана, помладата сестра на кралот Чарлс Трети, претрпе полесни повреди и потрес на мозокот во инцидентот во неделата и беше хоспитализирана како мерка на претпазливост, соопшти во понеделникот Бакингемскиот дворец, додавајќи дека се очекува брзо и целосно закрепнување.

„Нејзиното кралско височество добро закрепнува, е во добра состојба и е задржана во болница како мерка на претпазливост за набљудување“, рече портпаролот на дворецот.

Принцезата Ана, која е на 73-годишна возраст, единствената ќерка на покојната кралица Елизабета Втора, се шетала низ имотот во Гетском Парк, каде што живее, кога се здобила со полесни повреди на главата, изјави извор од кралското семејство.

Изворот додал дека во близина имало коњи. Медицинскиот тим објави дека повредите на главата се во согласност со удар во главата или нозете на коњот.

„Кралот е информиран и му се придружува на целото кралско семејство во изразувањето љубов и добри желби на принцезата за брзо закрепнување“, соопштија од палатата.