На девизните пазари во вторникот во претпладневното тргување благо падна вредноста на доларот во однос на кошничката валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 105,50 поени, додека вчера во истиот периот од тргувањето изнесуваше 105,85 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 159,70 на 159,60 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0735 долари, додека вчера истиот период беше 1,0695 долари.
И додека курсот на доларот во однос на јенот во последните денови стагнира малку под границата од 160 јени бидејќи инвеститорите се плашат од интервенцијата на јапонските власти, цената на еврото синоќа достигна рекордно ниво од 171,49 јени.
Цените на нафтата, пак, благо пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,07 отсто, на 86,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,08 отсто, на 81,70 долари.