Реструктуирање на мисијата на Еулекс ќе се одвива во две фази, тврди денеска приштинскиот медиум „Трибуна“ повикувајќи се на доверливи документи.
Одлуката за реконструирање ќе биде донесена најдоцна до следниот месец, а новата мисија која ќе има повремен тримесечен мандат нема да ги преземе новите случаи на воени злосторства и корупција до крајот на официјалниот мандат на сегашната мисија кон средината на јуни, тврди медиумот.
Мандатот на новата мисија ќе биде продолжен до 2016 година.