Универзитетот во Портсмут, во Велика Британија, објави дека во вивариумот во овој град на свет се донесени 14 млади змии од сојот бразилска боа што е исклучително редок пример за партеногенеза, природна форма на бесполово размножување во која ембрионите се развиваат без оплодување, објави The Guardian во вторникот.
Појавата на 14 младенчиња змии во вивариумот на бразилската виножитна боа по име Роналдо беше изненадувачка од две причини, се појаснува во текстот.
Првата е дека вработените во Универзитетот Портсмут мислеле дека Роналдо е мажјак, а втората е дека тој не бил во контакт со други змии најмалку девет години.
Партеногенезата е честа појава кај растенијата и некои животни, но се верува дека ова е само трета појава документирана во заточеништво на бразилската виножитна боа каде и да е на светот.
Една од студентките открила 14 змии при рутинска проверка на вивариумот на Роналдо.
„Отпрвин мислевме дека згрешила. Не можевме да им веруваме на нашите очи”, вели техничарката за нега на животни Аманда Меклаод.
Подеднакво шокиран беше и специјалистот за рептили Пит Квинлан, кој се грижи за Роналдо во последните девет години.
„Јас одгледувам змии 50 години и никогаш не сум бил сведок на ова. Ниту една секунда не помисливме дека тој, или подобро да се каже таа, е бремена“, вели Квинлан.
Според зоолошката градина Дадли, повеќето бои несат околу 12 до 15 млади, иако се забележани и легла од 35 единки.
Младите змии обично се раѓаат околу шестиот месец по парењето, а при излегувањето се долги од 38 до 50 сантиметри, додека во првата година достигнуваат 1,2 метри.