Словачка и Романија ремизираа 1:1 во последниот дуел од групата Е на Евро 2024, а со тој резултат и двете репрезентации се квалификуваа во осминафиналето.
Во првото полувреме, двете селекции разменија по еден гол преку Дуда и Марин од белата точка.
По паузата, екипите решија да не си ги комплицираат животите и да го задржат паритетот со кој одат напред.
Куриозитет во овој случај е што сите четири селекции во групата завршија со по 4 бода, но голем губитник на крајот е Украина поради најлошата гол-разлика.
Во другиот натпревар од групата, Белгија и Украина одиграа без голови.