Двајца мртви во престрелка во Брисел

Две лица загинаа а три други се повредени во престралка во Брисел ноќта кон четвртокот, соопшти локалната полиција.

Пукањето се случило нешто по 1 часот по полноќ на терасата на кафуле во областа во близина на железничката станица Миди, каде што еден или повеќе осомничени отвориле оган врз група луѓе. Според првите резултати од истрагата, истрелите биле испукани од автоматска пушка.

На лице место загинале 44-годишен маж и 46-годишна жена, соопшти бриселското обвинителство. Во нападот се повредени три лица, од кои две се хоспитализирани во критична состојба. Станува збор за двајца мажи на возраст од 42 и 49 години.

Според белгиските медиуми, споменатиот градски кварт е еден од жариштата на трговијата со дрога. Но, полицијата и обвинителството засега не го поврзуваат инцидентот со овој проблем, но не дава други поединости за смртоносниот инцидент во белгиската и европска престолнина.