Ракометните кадетки загубија од Јужна Кореја, ќе се борат за 15-то место на СП

Поразот од Црна Гора значеше дека македонските ракометни младенки ќе влезат за разигрувањето од 13 до 16-то место, но денеска брзо стана познато дека 13-то место е недостижно.

Избраничките на Дарко Јанев целосно потфрлија во пресметката со Јужна Кореја, па откако парираа само во првите 10 минути, беше јасн дека ќе претрпат тежок пораз.

Корејките се одлепија во втората фаза од првиот дел и на пауза заминаа со 17:30, додека по 60 минути игра на семафорот имаа 34:19.

Борјана Коцева со шест погодоци беше најефикасна во нашиот табор, а најефикасна на меечот беше Корејката Јиа Ким со осум погодоци.

По овој пораз, за Македонија останува уште еден натпревар на Светското првенство кое се игра во Скопје, а тоа е оној во кој ќе се бори за 15-то место.