Кисела Вода е првата општина која поставува надворешни пречистувачи за воздух! Во рамки на роденденското празнување во кое покрај останатите случувања се промовираат и капитални проекти кои се од големо знаење за граѓаните, се реализира ова иновативно еколошко решение. Пречистувачите се поставуваат во најголемите паркови, каде што има најголема фреквенција на луѓе. Претходно, во рамки на истото партнерство со општествено одговорната компанија ЕКОТИП, поставивме и најсовремени внатрешни пречистувачи на воздух во ООУ ,,Невена Георгиева-Дуња” во сите училници.
-Во рамки на родендеската седмица на општина Кисела Вода, денес повторно излегуваме со многу значаен проект, прв во Македонија. Се работи за 5 најсовремени Filter Cube III 5 уреди за надворешна употреба кои се со ненадминливи перформанси досега. Со максимален проток на воздух на Filter од 16,625 м³/ч, обезбедуваат оптимално прочистување на воздухот.