![Vetropark Bogdanci](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/Vetropark-Bogdanci.jpg?resize=640%2C426&ssl=1)
Новиот ветропарк во Штип ќе обезбеди струја за 100.000 домаќинства, владата тргна со инвестиции уште во првата недела, велат во партиското соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. На територија ма три општини, Карбинци, Штип и Радовиш ќе се гради најголемиот ветерен парк во Македонија и пошироко. Ветропаркот околу Штип е приватна инвестиција на инвестициски фонд тешка 450 милиони евра.
Ветропаркот годишно ќе генерира нови 100 милиони евра во македонскиот БДП. Исполнуваме. За тебе!, стои во соопштението на партијата.