-Владата на ВМРО-ДПМНЕ мандатот го започна со нови мерки и проекти. Покрај покачувањето на пензиите за 5000 денари, во правата недела од мандатот е најавена инвестиција од 450 милиони евра во Ветропарк во Источна Македонија. Ветропаркот ќе се простира на териториите на општините Карбинци, Штип и Радовиш и ќе се гради во 2026 година. Воедно, се очекува да произведува над 1 терават часови електрична енергија годишно, што е 20% од актуелното производство на струја во државата, изјави на прес конференција Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Струјата која ќе биде произведена ќе биде доволна за со неа да се снабдат над 100.000 домаќинства. Ветропаркот ќе помогне кон енергетска транзиција како на земјата така и на регионот. Важно е да се потенцира дека оваа инвестиција ќе генерира 630 нови работни места и ќе го подигне БДП на државата за нови 100 милиони евра годишно.
Ваквите инвестиции во енергетиката ќе продолжат и во иднина. Со овој тип на инвестиции владата ќе се погрижи да нема нови зголемувања на цената на струјата, што беше вообичаена пракса со владата на СДС и ДУИ, во чие време цената на струјата порасна за 50%. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се погрижи Македонија да биде земја со стабилен енергетски сектор и производство на струја кое ќе може да ги покрие домашните потреби.
Исполнуваме. За тебе., рече Митева.