Десничарската Национален собир на Бардела освои 34 отсто од гласовите на изборите во Франција

Откако во 20 часот беа затворени сите избирачки места во Франција, познати се и резултатите од првиот круг од парламентарните избори во оваа земја. Според проценките на Ипсос и француската телевизија, во првиот круг од изборите, десничарската партија Национален собир предводена од Џордан Бардела освоила 34 отсто од гласовите.

Втора по бројот на гласови е левичарската коалиција Нов народен фронт со 28,1 отсто од гласовите, додека центристичката партија на Макрон, според прогнозите, освоила 20,3 отсто од гласовите.

Републиканската партија во првиот круг од изборите освои 10,2 отсто од гласовите.

Францускиот Le Parisien ги објави и првите проекции за распределбата на мандатите во парламентот и нагласи дека со првите резултати од гласањето француската десница може да има од 230 до 280 места, додека левичарскиот Нов народен фронт може да брои од 125 до 165 седишта.

По првите прелиминарни резултати се очекува на Французите да им се обрати премиерот Габриел Атал, кој ќе зборува за резултатите, но и за вториот круг од изборите.

Демократијата си го кажа своето“, рече Марин Ле Пен. „Ништо не е добиено и вториот круг ќе биде одлучувачки за да се спречи земјата да падне во рацете на екстремната левица со насилни тенденции“, додаде таа. „Потребно ни е апсолутно мнозинство за да го назначиме Џордан Бардел за премиер за осум дена“, додаде таа.

Иако екстремно десничарската партија Национален фронт (РН) на Марин Ле Пен победи во првиот круг од француските парламентарни избори, според излезните анкети, конечниот резултат е непредвидлив и ќе зависи од изборните сојузи што ќе се формираат пред вториот круг од следната недела.