Американскиот рапер Канје Вест, често предмет на дебата во САД, е во приватна посета на Москва, објавија во неделата руските медиуми.
Западните музичари во голема мера ја избегнуваа Русија по инвазијата во Украина во февруари 2022 година и е под западни без преседан во историјата.
„Кание Вест е во Москва. Тоа се одлични вести, тој е во срцето на главниот град“, објави продуцентката Јана Рудковскаја, пренесе ТАСС.
Рудковскаја е сопруга на еден од најголемите лизгачи во историјата на спортот, освојувач на европски, светски и олимписки медали, Евгени Плушенко.
Ксенија Собчак, поранешна кандидатка на претседателските избори, на Telegram објави видео на кое, според неа, се гледа како познатиот рапер на покривот на познатиот трговски центар ГОУМ го набљудува славниот московски Црвен плоштад.
Медиумите известуваат дека маса обожаватели на раперот се собрале пред московскиот хотел „Four Seasons“ ноќта кон понеделникот во надеж дека ќе го видат Канје Вест. Се додава дека музичарот нема планови да одржи концерт во Москва.
Собчак тврди дека Канје допатувал во Москва за да го прослави 40-от роденден на својот пријател Гоша Рубчински, познат моден дизајнер, фотограф и основач на истоимениот бренд кој светската слава ја стекна со своите креативни достигнувања, за кои инспирација наоѓа во падот на идеолошката Железна завеса и руската младинска улична култура.
Канје Вест има и свој моден бренд „Yeezy“ .
Не му се туѓи скандали и контроверзи. Канје Вест е познат и по изјавите во кои го искажувал своето одушевување од рускиот претседател Владимир Путин, а го прозиваат дека наводно го фалил германскиот нацистички водач Адолф Хитлер.
Тој исто така беше обвинет за антисемитизам кога објави дека најголемите мејнстрим медиуми и продуцентски куќи во музичката и филмската индустрија се во ерејска сопственос. Беше обвинет и за антисемитски изјави по нападот на Хамас во јужен Израел, но подоцна се извини. Извинувањето го објави на англиски и хебрејски.
Како што стана „одметник“ во музичката и забавната индустрија со своите постапки „Adidas“, „Gap“ и „Balenciaga“ ја прекинаа соработката со него.