Копа Америка: Венецуела и Еквадор во четвртфинале

Фудбалската репрезентација на Венецуела ја совлаа соодветната селекција на Јамајка со 3:0 во Тексас во неделата, запечатувајќи го првото место во групата Б и обезбеди четвртфинално соочување на Копа Америка со Канада, додека Еквадор, исто така, се пласираше во четвртфиналето од истата група.

Победата на Венецуела ѝ ја осигураа Едуардо Бело и Саломон Рондон со головите на почетокот на вториот дел, односно во 49. и 56. минута, а ја потврди во финишот Ерик Рамирез со погодокот во 85. минута.

Венецуела веќе го резервира своето место во осминафиналето со победите над Еквадор и Мексико и ѝ требаше само бод против веќе елиминираната Јамајка за да биде на врвот на групата и да го избегне бранителот на титулата Аргентина во следната рунда.

На Венецуела во осминафиналето ѝ се придружи Еквадор, кој се пласираше благодарение на подобрата гол-разлика откако ремизираше 0:0 со Мексико во вториот натпревар од групата. На Мексико му беше досуден пенал во седмата минута од судиското надополнување кога Торес се чинеше дека го собори Гиљермо Мартинез, но одлуката беше поништена по прегледот на ВАР-от.

Еквадор, кој посакува да стигне до своето прво полуфинале откако беше домаќин на турнирот во 1993 година, во четврфиналето ќе игра со бранителот на титулата Аргентина.