Силното невреме остави без струја 226 населби во Украина

Силниот ветар и снежните врнежи во текот на изминатата ноќ оставија без струја 226 населби во пет централни и јужни области во Украина.

Во Одеската област без електрична енергија останаа 94 населени места, во Николаевската – 92, во Кировградската – 24, во Херсонската – 10 и во Черниговската област уште шест населби.

Во моментов соодветните служби се обидуваат да ги вратат овие населени места во електродистрибутивната мрежа.